Филипче за Буџетот: Со 90% помалку пари за реконструкција на системите за наводнување, во некои региони може да згасне земјоделството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес – конференција укажа дека со новиот Буџет, Владата на ВМРО дополнително го уништува земјоделството и ја загрозува егзистенцијата на земјоделците. Тој посочи дека СДСМ со месеци предупредува за проблемите во земјоделството, но Владата наместо да преземе мерки, дополнително ја намалува поддршката.

„Од 7,3 на 6,8 милијарди денари за поддршка на земјоделците. За луѓето кои што живеат од сопствениот труд, кои што наместо да ја хранат државата и регионот, сега нема да можат да преживеат“, рече Филипче.

Филипче посочи дека наместо инвестиции во развој и поддршка на домашното производство, се кратат средствата за клучната инфраструктура од која зависи земјоделството, како што е реконструкција на системите за наводнување, за што парите за следната година се намалени за дури 90%.

„ Намалени се парите за реконструкција на системите за наводнување. Практично ги нема. За 90% се намалени. За најголемата потреба на земјоделците за да имаат подобро земјоделство и подобар развој. Со овие политики земјоделството од следната, 2027 година, во некои региони може и да не постои повеќе“, рече Филипче.

Филипче предупреди дека последиците од ваквите политики ќе бидат директни и долгорочни. Земјоделците ќе се откажуваат од производството, а државата ќе се соочува со сè помалку домашна храна и дополнително осиромашување на руралните средини.

„Затоа што земјоделците ќе престанат тоа да го работат“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ посочи дека новиот Буџет покажува дека Владата нема развојна стратегија и дека, и покрај зголемувањето на вкупниот буџет, средствата за капитални инвестиции во клучните области се намалуваат, додека приоритет остануваат партиските тендери.

Линк до видео: