Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека премиерот Христијан Мицкоски го следи примерот на Александар Вучиќ и со приказни за наводна „Трета светска војна“ се обидува да го пренасочи вниманието од падот на животниот стандард и состојбата со буџетот.
Филипче посочи дека Мицкоски се обидува да ја „замаскира“ состојбата со буџетот со „неговата демагогија“, но дека граѓаните секој ден гледаат колку потешко ги покриваат основните трошоци. Синдикалната кошничка, рече тој, достигна 71.000 денари, а со трошоците за домување потребни се околу 90.000 денари месечно.
„Околу 26.000 денари е само трошокот за храна и пијалак. Значи, една цела минимална плата оди за храна и пијалак“, рече Филипче.
Тој потсети дека Мицкоски во септември ветуваше дека струјата нема да поскапи, а сега се најавува повисока цена по Нова година. „Ова сголемување на струјата за дополнителни 2–3% ќе повлече повторно поскапување на буквално сите производи кај нас“, предупреди Филипче.
Во собраниската расправа за буџетот, посочи Филипче, власта одговара дека нема пари за минимална плата од 600 евра и за повисок студентски оброк, а, како што рече, „има за партиски тендери“.
Линк до видео:
