fbpx

Николовски од Крива Паланка: Со СДСМ се градат патишта, водоводи насекаде, со ВМРО-ДПМНЕ лаги за фусноти, за затворање фабрики и насилство кон жени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3

Почитувани граѓани,

Се наоѓаме на влезот на Крива Паланка каде се гради експресниот пат Крива Паланка – Ранковце во должина од 23 километри.

Источниот регион е добар пример за тоа дека кога се работи има резултат.

Единаесет години ВМРО-ДПМНЕ го маргинализираше, го осиромашуваше, буквално го уништи.

За само две и пол години, на истокот му се врати сјајот. Далеку од тоа дека се сме направиле, има уште многу работа пред нас. Но можеме уште повеќе и уште подобро.

Не потпаѓајте под лагите драги луѓе. Затоа ги викаат фејк-њуз ВМРО. Мицкоски лаже за некакви фусноти, Николоски лаже дека ќе се затворале фабрики, Јанушев покрај криминални афери, сега гледаме дека е и насилник и за жените зборува без грам човечност!

Гледајте ги фактите и реалноста. Ние сме македонски народ, со македонски јазик кој никогаш не бил повеќе признаен низ светот, во членка на НАТО и држава која влегува во ЕУ.

Замислете само неколку години нанапред кога ќе ги жнееме плодовите од сето ова. Уште невлезени во ЕУ, ние веќе почнуваме да одиме напред, а ќе одиме уште побрзо со отворање на врати кои за нас отсекогаш ни биле затворени. Тоа било за секоја земја членка на ЕУ, ќе биде и за нас.

Тоа е иднината. А сегашната реалност е дека го изградивме и го пуштивме во употреба автопатот Миладиновци-Штип, патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно пуштени во употреба во следниот период.

Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци.

Се проширува патната и граничната инфраструктира на клучните премини Ќафасан и Деве Баир.

Овде во Крива Паланка го градиме патот Крива Паланка –Деве Баир, и експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Се гради насекаде, нема привилегирани региони.

Ја гасифицираме земјата. Влегуваме во завршницата на реализацијата на гасоводните магистрали, и продолжуваме додека не донесеме гас во секој дом. За да имаме пониски сметки за греење, за да имаме почист воздух.

Иднината е зелена, самоодржлива и енергетски ефикасна. Иднината е паметна.

Внимавајте кому ќе го дадете вашиот глас. За иднината се работи. Сакаме заедничко општество, еднаквост или сакаме да вратиме насилници на власт кои ќе ни прават списоци и ќе не држат во несигурност и страв.

Гласаа против зголемување на минималната плата. Во нивно време беше 9.000 денари. Сега е 14.500, а ќе ја покачиме на 20.000 денари во следниот мандат. Не го запирајте прогресот драги пријатели.

Можеме уште повеќе и уште подобро.

Ви благодарам.

 

Последни вести