fbpx

Шахпаска: Преку инвестиции во инфраструктурата,инвестираме во економијата, државата, во иднината на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3

Почитувани граѓани,

Во изминативе три години покажавме како се работи домаќински, одговорно и отчетно и како се гради плански на територијата на цела држава.

Инфраструктурата претставува крвотокот на економијата и оттука, секоја инвестиција во неа е инвестиција во економијата, во државата, за сегашните и идни генерации.

Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива низ секој дел од државата. Градиме за сите и во услови на пандемија, во вонредни околности, градиме инфраструктура во новата нормалност.

Градиме 260 км автопат, 300 км експресни патишта и 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци.

Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип, а во моментот се градат и експресните патишта, Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковце – Крива Паланка.

Истовремено, се рехабилитираа и постоечките патишта: Штип-Радовиш, Крупиште-Пробиштип, Кочани, Македонска Каменица и Делчево- Граничен премин со Бугарија.

Нашата држава ланската година и оваа 2020 година, во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

И во услови на корона криза интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедуваме 100 милиони евра за сите општини во земјата.

Токму, кризата со коронавирусот ни даде можност да видиме од колкаво значење е инфраструктурата и јавниот сервис и дека човечки судбини зависат од практичната примена на инфраструктурата.

Почитувани,

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Делчево беше заборавено, без ниту еден проект, а беше оставен долг во општинската каса од над 240 милиони денари.

Денес, Делчево повеќе не е изолирана општина,се инвестира, се гради ,се подобруваат условите за живот на делчевци.

По изградбата на регионалните патишта Делчево – Кочани, Транзитниот булевар низ Делчево, правците Делчево-Ѕвегор, Делчево-Пехчево, Делчево-Виница, Делчево добива патната инфраструктура за пример.

Остануваме фокусирани на изградба на модерна, брза, ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата држава.

Затоа што МОЖЕМЕ уште подобро и уште повеќе!

Последни вести