Прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
На 15 јули продолжуваме да одиме НАПРЕД. Имаме ИЗБОР. Граѓаните ќе изберат да продолжиме напред, уште повеќе и уште подобро.
Граѓаните ќе го одберат СДСМ за ЗГОЛЕМЕНА минимална плата, за НОВИ работни места, за зголемена ПРОСЕЧНА плата, за недела како НЕРАБОТЕН ден, за ПОЈАК здравствен систем и за земја од која ќе се извезуваат ПРОИЗВОДИ, а не луѓе.
Како одговорна власт, СДСМ се води ИСКЛУЧИВО од она што е најдобро за народот и државата. По 6 месеци закоченост, во моментов тоа значи НОВ парламент, а потоа и целосно ФУНКЦИОНАЛНА и легитимна Влада. Без НЕОДГОВОРНИ и незрели министри, Влада со ПОЛН политички капацитет.
Насесен да сме во ПОЛНА СИЛА за справувањето со Ковид, за новата учебна година, за новата грејна сезона.
Почитувани граѓани,
15 јули е денот кога одлучуваме КОЈ ЌЕ ГИ ПРЕДВОДИ ИНСТИТУЦИИТЕ и кој ќе ја води државата.
Ќе одиме НАПРЕД или ќе се вратиме во несигурност и страв? Ќе ги жнееме плодовите ЗАЕДНО или ќе се местиме еден со друг? Ќе работиме и успееме СИТЕ, без разлика КОЈ ОД КОЈА ПАРТИЈА Е или ќе царуваат локални шерифи, неработниците и криминалот? Самите бираме. На 15 јули бираме да го му кажеме ЗБОГУМ на неодговорниот, незрел и опасен политичар Христијан Мицкоски. Човек кој руши МЕРКИ, промовира НЕКАЗНИВОСТ, и шири лажни вести.
Сетете се почитувани граѓани. За време на целата криза, ДАЛИ Мицкоски и неговата ФЕЈК-ЊУЗ ПАРТИЈА повикуваа да се ПОЧИТУВААТ мерките, или цело време ставаа СОПКИ и го ПОДРИВАА здравствениот систем?
Сетете се КОЈ ЛАЖЕШЕ дека сме изгубиле 140.000 работни места. Кој лажеше дека во болниците имало УШТЕ 100 ТЕСТОВИ, кога дневно се тестираа по 1000 наши сограѓани.
КОЈ ОДЕШЕ ПО ТЕРЕТАНИ во време на забрана за работа на истите.
КОЈ ОДЕШЕ ПО КАФАНИ во затворен простор, во време кога тоа е ЗАБРАНЕТО и опасно по здравјето.
Знајте дека 15 јули ќе е голем ден и за сите во фејк-њуз ВМРО. Ден кога ќе почне ВИСТИНСКА ПРОМЕНА и кај нив. На еден начин тоа ќе биде пораз за НИВНО ДОБРО.
Почитувани граѓани,
Сме решиле да бидеме партија која НИШТО не става под тепих. Јавно соопштуваме се и заедно им се РАДУВАМЕ на успесите кои ги направивме за ИСКЛУЧИТЕЛНО кратко време. Но, не ги криеме НИТУ ПРЕДИЗВИЦИТЕ, и сето она со кое се соочуваме во овој тежок период.
Во вас гледаме НАШ ПАРТНЕР, наш СОЈУЗНИК и токму затоа сме убедени дека ЗАЕДНО и со доследно почитување на мерките за заштита ќе ја ПОБЕДИМЕ епидемијата.
Затоа ве повикувам, да бидеме ДИСЦИПЛИНИРАНИ И ОДГОВОРНИ, да им помогнеме на здравствените работиници, кои се на ПРВАТА БОРБЕНА ЛИНИЈА. Луѓето за кои треба да имаме НАЈГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ што изминатиов период се жртвуваат толку многу.
Јас, како шеф на Изборниот штаб, во НЕГОВО име и во име на партијата, ве уверувам дека СДСМ ќе води ОДГОВОРНА и 100 проценти БЕЗБЕДНА кампања од здравствен аспект.
Кампањата започнува на 23 јуни и ќе трае до 12 јули на полноќ, кога настапува предизборниот молк.
Ги ОТКАЖУВАМЕ МИТИНЗИТЕ, големите собири и СИТЕ потенцијално ризични настани за да заштитиме здравјето на нашите активисти, членови и на СИТЕ ГРАЃАНИ.
Но ќе бидеме СО ВАС. Преку социјалните мрежи, медиумите, преку дигитални алатки и други канали.
Заедно со граѓаните ќе извојуваме уште една победа за европска иднина. За луѓето да ги бираме ПО КВАЛИТЕТ, а не по партиски книшки. Младите да останат ТУКА и да се ослободиме еднаш засекогаш од НЕПОТИЗМОТ И КОРУПЦИЈАТА.
А МОЖЕМЕ.
Навистина можеме.