Прес-конференција, Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ
Почитувани,
Преку бројни мерки и политики СДСМ изминативе три години во континуитет покажа и докажа што значи вистинска грижа за сите граѓани.
Се потврди и дека концептот на Социјалдемократскиот сојуз, парите назад кај граѓаните, успешно функционира не само во мирни времиња,туку и во време на најголемата светска здравствена и економска криза.
Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ, донесени за помош и поддршка на граѓаните, компаниите, економијата воопшто се покажаа како навремени и вистински.
За тоа говорат и бројките, дека преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат домашна платежна картичка.
При тоа, вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18.07 e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги.
Со платежните картички реализирани се над 1,2 милиони трансакции. Или поконкретно, граѓаните ги употребиле картичките најчесто во маркетите 89% , рестораните и храна 5%, текстил, облека, обувки 3%, аптеки 2.3%.
Или поточно, граѓаните најмногу купувале во маркетите и оствариле промет од 982 милиони денари, текстил,облека и обувки 42 милиони, ресторани и храна 30 милиони денари, мебел 12 милиони, аптеки 10.8 милиони, хотели и туризам 3 милиони денари и останато.
Се потврди проекцијата дека домашната платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата, затоа што ја поддржува приватната потрошувачка и домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност и придонесува за безготовинско плаќање што претставува уште еден механизам во борбата против сивата економија.
Поради проширување на листата на граѓани приматели на овие картички, како и позитивен одговор на поднесените приговори, рокот за издавање и достава на домашните платежни картички е продолжен и во текот на оваа недела за граѓаните кои сеуште не ги добиле своите платежни картички.
Почитувани,
Овие факти и бројки се уште една голема потврда дека СДСМ отсекогаш била и останува да биде партијата која е на страната на граѓаните, на државата.
Така продолжуваме и во иднина. Со новата Влада предводена од СДСМ уште повеќе и уште подобро со нови и зајакнати политики кои значат подобар животен стандард за граѓаните и стабилна економија.
Граѓаните го препознаа победничкиот концепт на СДСМ кој ја води државата напред и ги носи европските вредности дома.