fbpx

Одговорно е за државата да има Парламент и политичка Влада, затоа се потребни избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Зоран Заев, претседател на СДСМ

 

  

 

П: Господин Заев ако добро ве разбрав избори ќе има на 21 јуни и сега тука зборувате за демократија за демократски капацитети, каков демократски капацитет е тоа ако вие одите на избори без консензус на опозицијата, но и на ДУИ и на останатите политички партии кои денеска беа на лидерската средба?
 
Одговор  Целосен демократски капацитет е покажување на флексибилност да се договорат избори. Ако има некој којшто може да гарантира дека на 23 август на 30 август на 13 септември ќе има нула починати, нула заразени немаме проблем тогаш да одиме на избори, но притоа да ја преземе одговорноста ако е спротивно од таа гаранција. Денеска тоа господинот Мицкоски го гарантираше наспроти на целиот свет којшто вели токму од тие причини се отвораат училиштата на 1 септември, таман период на инкубација на 13 септември да врие од заразени во државата. СЗО вели до сите здравствени установи и државите , подготвувајте се за нов бран. Налетува втор бран дигајте ги капацитетите на болниците , обезбедувајте дополнителни легла , респираторни машини, тоа е препораката од СЗО,  денеска излезе и е достапна до сите. Притоа не кажува човекот којшто е шеф на најголемата опозициона партија, како ќе го врати парламентот, ние немаме парламент. Мене ми е Владата одлична, но кој сум само јас, имаме мал милион граѓани којшто можеби сакаат коректив од Парламентот посебно во делот на рестрикциите и ограничувањата на слободите и правата и сите други демократски права којшто граѓаните ги имаат. Затоа е одговорно час поскоро штом се создадени условите а и нашата комисија тоа го кажува, и СЗО тоа го кажува, да се оди на избори. Од тој аспект одговорно е до последен момент да даваме напори комплетно сите да учествуваме на изборите. Но ако дојде септември имаме 100, 150, 200 заразени не дај Боже смртни случаи и слично. наближуваат сите апсолутни рокови, кој ќе ја преземе одговорноста за ваквата работа. Затоа паметно, разумно , одговорно е сега во најбрз можен рок којшто ќе го договориме да одиме на избори, и на крајот не помалку важно исто така многу важно септември или крајот на август, октомври е периодот кога заживува економијата и треба да ја креваме, треба да ја користиме оваа можност за сите наши компаративни вредности , ние ќе одиме на избори за да зададеме уште еден удар на економијата, па таа постои за нашите граѓани за нивните благосостојби, апсолутно е неодговорно, така да господинот Мицкоски лаже и врти во матно само да купи ден, да одмине  недела да се одложуваат изборите се со конечна цел кога ќе дојде есента да нема бегање веќе, бројките ќе бидат големи па така тука ќе маневрира и ќе прави свој други чекори. Одговорно е за државата да има институции да има Парламент да има политичка Влада и да како целиот нормален свет  ја креваме економијата а преку тоа бидеме и подготвени со сите свои политички институции којшто свој легитимитет добиле од граѓаните да се справуваат со сите можни предизвици којшто не чекаат пред нас.
 
 
П:  Велите во септември ќе биде пикот а утринава вашиот советник Битиќи излезе и кажа дека ќе има викенди без ддв во септември, тоа подразбира дека за време на тие викенди ќе има голема маса на луѓе на едно место, сега на кого да му веруваме кога ќе биде пикот тогаш или нема да биде тогаш?
 
Одговор  Бевте во Република Северна Македонија во петок , во сабота, граѓаните се насекаде присутни и тие пазаруваат , купуваат , трошат и исто така пред почеток на школска година, пред почеток на грејна сезона , пред почеток на зимска сезона го предвидуваме викендот да биде без ддв, зошто, заради тоа што тогаш најмногу имаат потреба од купување самите граѓани и најмногу се трошат па да ги заштедат тие 18 денари. Тоа и денеска постои и тогаш ќе постои дури и да биде пикот маркетите се отворени, и сега во време на пикот беа отворени маркетите, има целосно дефинирано протоколи , процедури како се движат по маркетите ,по дуќаните инт.
 
 
П: Рековте избори ќе има и од тоа нема бегање и вашиот прв проектиран датум е 21 јуни ќе одите ли на избори иако ВМРО-ДПМНЕ реши да бојкотира?
 
Согласно сегашната состојба, вонредната состојба во државата завршува на 30ти мај, и единствениот правен и уставно регулиран акт коишто го потврди Уставниот суд е уредбата со законска сила за изборите, и тој датум 22 дена од завршувањето на вонредната состојба е 21 јуни. Нека каже барем еден во државата, кој е тој друг акт и на кој начин без кршење на Устав и закон може повторно да се закажат изборите. Единствената алатка која во моментов постои е вонредната состојба, и таа го даваше тој бафер на можности да преговараме, затоа што и вонредната состојба е доминантно заради економски причини, но ако имаше желба за договарање и преговарање. Се уште постои можност за тоа. Јас денес јасно номинирав дека изборниот законик предвидува јасни и прецизни услови, посебно член 43, став 6, како се дополнува избирачкиот список со сите граѓани кои полнат 18 години до 21,28,30 јуни, кога и да се изборите. Јасно се регулирани роковите, не постои друг правно –формален акт без некои да крши Устав, заради политички лидерски средби да се крши Устав, ние никако нема да прифатиме. Затоа што кршењето на Устав не е само желба дали некој го прифаќа или не, веднаш е аргумент еден граѓанин да ги оспори резултатите од изборите, еден граѓанин може да ги оспори. Затоа сите правни основи за одлучување за датумот на изборите мора да бидат правно регулирани. Од тој аспект според мене денес не постои друг датум освен 21 јуни. Овој датум е утврден бегање од него нема, сите поднесовме кандидатски листи и на сите ги прифатија, заврши и ждрепката, ние сме број 3, граѓаните може да прават избор, може да бираат. Затоа ако некој каже правно –формално како ние стоиме на располагање да дискутираме, но притоа да биде уставно и законски тоа потврдено. Доколку има желба да се продолжи дијалог, ние секако стоиме на располагање, но секако одговорноста за здравјето, за демократските институции и за економската состојба во државата е важен приоритет преку кои не можеме да поминеме.
 
 
П: Ќе одите ли на избори со бојот на најголемата опозициска партија?
 
Не можам денеска да донесам одлука, јас можам да кажам само она што е одговорност и чувство на разумност пред граѓаните и државата, и тоа го соопштив. Допрва ќе носиме одлука дали ќе одиме без опозиција или не. Сакаме и еве двапати сме овде, денеска разговараме за извештаи на комисии, на ОДИХР, на ДИК за нешто што го знаеме и од минатиот вторник, но сакала опозицијата, ајде нема проблем уште една недела, падна нашиот термин 14 јуни, си купија една недела, ако, треба да преговараме. Денеска дојдовме пак извештаи се бараат, пак некои друг да каже, некои да гарантира дека ќе има 0 починати и 0 заразени, крајот на август или во септември, ако има таков верувајте ќе тераме тогаш кога е најдобро. Сепак се водиме од тоа што и вам и на граѓаните и на нас ни е познато. Првиот прикладен момент треба државата да ја искористи и да оди на избори, посебно РСМ која што нема Парламент и нема политичка влада.
 
 
П: Дали сте се консултирале со ЕУ, ОБСЕ набљудувачката мисија, како тие би реагирале на избори доколку не учествува опозицијата, избори без консензус?
 
Се немаме консултирано, со ЕУ и другите пријателски земји и нивните амбасади и слично, допрва овие денови ќе направиме консултација. Ние немаме одлука и дали ќе одиме сами или ќе чекаме да дојде и опозицијата. Јас денеска ги кажувам само фактите на одговорни политичари, наспроти оние неодговорните како Мицкоски. Нема закажано наредна средба, денеска прекинаа разговорите се констатираше неуспех на договарањата и остануваат засега законските рокови кои се предвидени.
 
Последни вести