Градиме по план, интензивно работиме во подобрување на патната инфраструктура во општина Центар

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Изјава за медиуми, Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар

 

 

Започна реконструкцијата на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец на потегот од Рузвелтова до Водњанска. Оваа улица е меѓу главните сообраќајници во Капиштец и од големо значење за жителите на Општина Центар.

Вредноста на проектот е околу 20 милиони денари, со што се опфаќа потег во должина од околу 1000 метри. Предвидена е целосна реконструкција на коловозот, на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекции на крстосницата со Рузвелтова.

Се поставува и нова водоводна мрежа од 235 должни метри, атмосферска канализација од 219 должни метри, а има и нова фекална канализација во должина од 242 метри.

Приоритетите на оваа власт се јасни – продолжуваат инвестициите со кои се овозможува поквалитетно секојдневие за секој центарец.