fbpx

Ребалансот обезбедува поддршка за работниците, стопанството, пензионерите, пратениците да го поддржат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Во тешки ситуации во каква што се наоѓаме сега и ние и целиот свет, се помага на најранливите, на тие што се погодени, тоа го правиме и со ребалнсот на Буџетот за 2020 година, порача пратеникот на СДСМ Лазе Таневски во неговото обраќање на денешната седница во Собранието на Република Северна Македонија.

„Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува 470 милиони евра, средства за реализација на овој сеопфатен сет мерки, наменети за навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани и за компаниите погодени од коронакризата. Се фокусираме примарно на стопанството да му погнеме да опстои, да сочуваме максимум работни места, да ја сочуваме ликвидноста на компаниите, да овозможиме на вработените да примаат плати, да не се намали приватната, јавната потрошувачка. Наша главна цел во спраување со оваа криза е зачувување на работните места. Токму затоа со овој пакет, како и со претходните се обезбедува финансиска поддршка за исплата на околу 250.000 плати за октомври, ноември и декември, порача Таневски.

Тој истакна дека со четвртиот пакет мерки ќе се обезбеди сериозна помош за работниците, туристичките работници, но и на прензионерите со минимални пензии, на самохраните родитли и на оние кои се невработени.

„Опозицијата, барем во оваа ситуација, не треба да биде чинител кој што нема да не поддржи, затоа што на крај на денот, кога ние ќе обезбедиме 70 милиони евра за стопанството, ние не ги делиме на наши и ваши, тоа се нашите стопанственици, тоа се нашите граѓани, што се вработени во тие компании. Кога велиме дека ќе обезбедиме поддршката на ранливите категории граѓани, дали преку платежните картички или преку друг механизам, тоа се нашите граѓани. Ние не кажавме дека 183.000 пензионери, кои што се таргетирани се социјалдемократи, тоа се нашите дедовци, татковци, мајки и баби. Без разлика дали припаѓаат или не на одредена група.

Таневски, ги повика сите пратенции да дадат поддршка за измените и дополнувањата и ребалансот да биде усвоен.

„Важно е да го поддржиме ребалансот. Со тоа даваме и наш придонес, да се реалзираат меките за помош на македонската економија и за борба со вирусот, заклучи Танески.

Последни вести