fbpx

Македонскиот јазик и идентитет се признаени од целиот свет, ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира напредокот кон ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата

Прашање: Зошто не присуствувавте на Комисијата за надворешни работи?

Одговор: Прво како пратеници не гледаме потреба дека Собранието треба да дискутира и одлучува за нешто што е факт. Еве јас сум пратеник и треба да донесам одлука дали треба да дискутирам на таа тема. Јас сум Јован Митрески, јас сум Македонец и зборувам на македонски јазик и тоа е факт. Ако некој мисли дека во Собранието треба да се зборува за ова, тогаш најблаго кажано, се излажал. Очигледно во оваа нивна намера има и други цели. Прво не се израдуваа на членството во НАТО, сега прават се да го спречат патот на државата кон ЕУ. Мене ми е жал за тоа што се случува, можам да кажам само нека им служи на чест за се ова што го прават за нашата држава.

Прашање: Од опозицијата не велат дека СДСМ разговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик, туку за бугарскиот меморандум. Не чуствувате потреба да го сумираме бугарскиот меморандум? Ви се допаѓа?

Одговор: Не зборуваме за допаѓање или недопаѓање, зборуваме за факти. Никаде, никој ниту преговарал за нашиот идентитет, македонски и за македонскиот јазик. Ви кажав која е намерата и нека им служи на чест тоа што го прават.

Прашање: Наспроти опозицијата каков е вашиот став за меморандумот?

Одговор: Значи, прво имаме Договор за добрососедство со Бугарија за кој што дискутираше и одлучуваше Собранието. Таа одлука е донесена. За идентитетот, повторувам и јазикот нема да се дискутира.Во делот на историските факти, формирана е комисија од стручњаци кои што ќе зборуваат за факти , за историски личности и за историски настани. Тоа е работа на историчарите, не на политичарите.

Прашање: Госпоѓата Захариева децидно изјавува дека услов за почеток на преговори е да прифатиме дека имаме бугарски корени.Тоа за вас е прифатливо?

Одговор: Не. тоа е факт кој што сме го кажале илјадници пати.

 

Последни вести