Одговори на новинарски прашања, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ
Прашања: Дали вие како пратеничка група имате поднесено барање до замениците претседатели на Собранието за свикување седница и дали имате дадено предлог за самосоставување ?Дали тоа што спикерот Талат Џафери ја исфрли можноста за свикување на ургентна седница која ја баравте, значи дека утврдувањето на одлуките за прогласување на вонредна состојба треба да го чека новиот состав на Собранието или пак ќе употребите друг начин за свикување на седницата?
Одговор: Легитимното право на пратениците согласно Устав и деловник на Собранието не може да биде толкувано како пуч. Легитимно, демократски и согласно деловникот и Уставот, ние како пратеници поднесовме иницијатива онака како што налагаат прописите , а тоа е до претседателот на Собранието за свикување на итна седница.
добро е за граѓаните, за општеството за државата да на располагање имаат уште еден механизам за контрола над Извршната власт.