fbpx

Мицкоски да одговори за чии интереси работи, да не чека друг да прозбори за неговото подмолно одработување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓани и граѓанки,

Нервозата во белиот дворец зад мене кулминира откако во јавноста се дозна дека самопрогласениот хистеричен политичар Христијан Мицкоски одработувал за странски центри и интереси.

Затоа Мицкоски се крие и се уште не дава одговор на јавно поставените прашања.

Какви информации добил? Зошто не пријавил во надлежните институции? За кои структури во Бугарија одработува и за какви цели го прави тоа?

Мицкоски да излезе во јавноста и да одговори, да не чека за неговото подмолно одработување да прозбори друг.

Нашата татковина е цела и останува цела. Мицкоски е опасност за државата и граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано кочат и блокираат, ја кочат борбата со коронавирусот, ја блокираат работата на Собранието, го кочеа напредокот кон НАТО, борбата против криминалот и корупцијата.

Почитувани,

Мнозинството граѓани даде огромна поддршка за напредокот и за иднината. Република Северна Македонија чекори напред кон прогресивна иднина и кон остварување на стратешките заложби,

Граѓаните знаат кој е за европеизација а кој за изолација на државата. Во ЕУ ќе влеземе како Македонци.

Колку и да не му се допаѓа, колку и да е хистеричен, Мицкоски нема да ги блокира реформите и европскиот пат на државата.

Последни вести