fbpx

ВМРО-ДПМНЕ креира и шири лаги за Шилегов, не можејќи да го прифати тоа што Скопје се развива на секое поле

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ креира и шири лаги за Шилегов, не можејќи да го прифати тоа што Скопје се развива на секое поле

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успесите на Град Скопје, не може да го прифати фактот што Скопје во изминатите три години под раководство на Петре Шилегов и СДСМ се разива на секое поле, па затоа шири тешки лаги и невистини.

Една од нив е и денешната на Наум Стоилковски дека градоначалникот на град Скопје склучил договор со своето адвокатско друштво за консултантски услуги.

Вистина е дека ниту еден денар од градската каса не влегол во адвокатското друштво на скопскиот градоначалник.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за Град Скопје бидејќи оваа партија ниту како власт ниту како опозиција не работела никогаш во интерес на градот и неговите граѓани.

Напротив, во време на нивното режимско владеење потрошија 600 милиони евра, пари на граѓаните, во центарот на Скопје за споменици, лажен барок, палми, лавови и жални врби, додека делови од градот немаа водовод и канализации.

Од град со зеленило, дрвја и паркови, Скопје стана град од бетон и стиропор.

ВМРО-ДПМНЕ само да учи од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, како изгледа вистинска грижа за градот Скопје и неговите жители.

Последни вести