fbpx

Со „Акција 21“ преземаме активности за конечно запирање на коронавирусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Емилија Рамбабова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани,

СДСМ како одговорна партија, партија којашто е целосно посветена на евроинтегративниот процес, со силна мотивираност ги поставува европските стандарди тука, дома , во нашата држава, во сите сфери на општеството.

Новата стратешка рамка „Акција 21“, преку чијашто реализција ја носиме Европа дома содржи 10 приоритети, а меѓу нив е македонското здравство, со посебен акцент на состојбата со коронавирусот и веднувањето на трудот на здравствените работници.

Влезени сме во период во којшто се спроведуваат активности за конечно запирање на ширењето на Ковид -19.

Има уплата за 833.000 дози вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина, како и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот. Согласно планот за дистрибуција вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021.

Започнати се преговори и за директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините.

Предвиден е и трет механизам преку Европската унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки , како и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите кои се надвор од Унијата. Владата преводена од СДСМ има аплицирано за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони.

Подготовките за имунизација се започнати, се набавуваат соодветни модели на фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури.

Добро е што и со помош на соседите членки на ЕУ добваме вакцини во време кога тие стигнуваат кај нив

Почитувани,

Во оваа борба којашто сите заедно ја водиме речиси цела оваа година, има херои чијшто труд го препознаваме.

Пожртвуваноста, посветеноста и макортпната работа на сите здравствени работници е за секоја почит.

Чекорите што Владата предводена од СДСМ ги презеде во јавното здравство, како што се покачувањето на платите и надоместоците, инвестициите во објекти и опрема, дефинитивно резултираа со силна посветеност на здравствените работници во борбата против коронавирусот.

Дополнително, 7.600 вработени во здравствените установи кои со месеци се во првите борбени линии против Ковид-19 и секојдневно помагаат и работат со заболените од Ковид -19, добиваат еднократна награда во висина од 30.000 денари.

Согласно Програмата, платите на здравствените работници ќе подолжат да растат по 10 отсто секоја година или вкупно 40 отсто до крајот на мандатот.

Инвестициите во здравствениот сектор, како и инвестициите во човечкиот потенцијал се клучни за унапредување на квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.

Почитувани,

Од самиот почеток на пандемијата, врвен приоритет на СДСМ е заштитата на јавното здравје, истовремено и вреднување на трудот на сите кои безрезервно се вложија во борбата против Ковид -19.

Последни вести