Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ
Додека им стигнуваат деманти од сите страни, во ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат свесно да шират лажни вести, дезинформации и клевети.
Лага е тврдењето на Цветан Трипуновски дека семејството на претседателот Зоран Заев имаат компании кои се занимаваат со тутун. Тоа не е точно. Станува збор за класична клевета. Исто така, невистина е дека постои увоз на тутун.
Цветан Трипуновски треба јавно да се извини за сите изнесени невистини, за неоснованите измислици дека компании на семејството на претседателот Заев се занимаваат со трговија и увоз на тутун.
Во спротивно, согласно законските прописи, ќе следува тужба за клевета, а Трипуновски ќе мора своите тврдења да ги докаже пред надлежниот суд.
ВМРО-ДПМНЕ и на власт и во опозиција знае да нуди само лажни вести, деструкции и нечесен однос кон граѓаните и земјоделците.