Изјава за медиуми, Васко Лазаревски, советник во Советот на Град Скопје
Почитувани сограѓани,
Сегашната администрација на град Скопје е насочена кон постојано вложување во подобрување на инфраструктурата во град Скопје со цел подобро функционирање на градот.
Денеска се наоѓаме на булевар Никола Карев каде во тек е втората фаза на реконструкција на овој булевар каде од потегот на крстосницата кај касарната Илинден до Момин поток се врши целосна реконструкција и проширување.
Со овој градежен зафат освен реконструкцијата во должина од 980 метри, се проширува постојниот коловоз на 4 ленти, и се поставува разделно зеленило со пешачко -велосипедски патеки од двете страни.
Освен тоа, се изведува и на нова атмосферска канализација, потпорен ѕид во должина од 690 метри и ново лед осветлување од двете страни на булеварот.
Во првата фаза од овој проект се изврши реконструкција на потегот од клучката кај Бит Пазар до крстосницата кај касарната Илинден во вкупна должина од 1440 метри.
Почитувани,
Администрацијата на Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов во изминатиот период ги реконструираше најфрекфентните улици низ градот и во најкус можен рок беа реконструирани над дваесетина главни градски собраќајници.
Чекор по чекор ги решаваме напластените проблеми во инфраструктурата на градот и работиме на хуманизација на просторот за живеење.