fbpx

2021 е година на економски раст и развој преку искористување на сите економски потенцијали

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Пред се, дозволете на сите православни верници да им го честитам денешниот празник Бадник и да им посакам мирни и спокојни Божиќни празници.

Пред нас е година на економски раст и развој, година во која македонската економија полека на сигурно ќе се враќа на претходните стапки на раст, а ќе продолжи да расте и стандардот на граѓаните.

Претходната година, иако соочени со глобална финансиска и здравствена криза, покажавме дека преку одговорен, инклузивен и домаќински пристап последиците од коронакризата врз економија можеме да ги сведеме на минимум.

Од почетокот на кризата, креиравме и реализиравме четири пакети-економски мерки за поддршка на најпогодените од кризата, за што обезбедивме над 1,2 милијарди евра. Тие политики дадоа резултат. Спасени се десетици илјади работни места, а директно им се помогна на околу 500.000 граѓани.

Годината ја завршивме со вкупни даночни приходи реализирани во износ од 189,8 милијарди денари или 96,7% од проектираните приходи. Директните даноците се остварени со 99,5% од планираното, што е раст од 2,3% споредено со 2019 година.

Капиталните расходи во 2020 година имаат 80% од планираната реализација на капитални инвестиции што е подобо од 2019 година кога се реализираа 77,6% од планираните капитални расходи за таа година.

Од јануари до декември 2020 бележиме позитивен тренд и кај придонесите, кои на крајот на 2020 година изнесуваат 102%, односно 2% повеќе од претходно планираното.

Овие податоци покажуваат дека македонската економија е жива, стабилна и динамична и дека во 2021 година влегуваме како држава со стабилна економска состојба.

Оваа 2021 година ќе биде година на целосно економско заздравување, година на економски раст и развој, каде ќе ги искористиме сите економски потенцијали.

Тоа се потврдува и со Буџетот за 2021 година кој е развоен и скроен да одговори на сите предизвици во годината пред нас.

Најголем дел од проектираните средства во Буџетот или 83% се расходи наменети за капитални проекти, важни проекти за граѓаните низ целата држава.

Оваа година продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката, гасификацијата, во изградба и реконструкции на градинки, болници, училишта, вложуваме и во животната средина, во комуналната инфраструктура како и во изградба на социјални станови

Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост, рационализирање на трошењата, како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата. Истовремено, обезбедена е буџетска резерва, во случај на продолжено траење на пандемијата.

Почитувани,

Како одговорна партија остануваме посветени на креирање и реализација на економски полиитки што носат економски раст, конкуретнтно стопанство и повисок животен стандард за сите. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, на државата, на економијата.

Благодарам.

 

Последни вести