Соопштение за јавност
По повод христијанскиот празник Бадник, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, упати честитка до сите православни верници.
„Почитувани граѓани, православни христијани
Тишината на денешниот ден го најавува Христовото раѓање. Денеска е ден кога надежта е поголема, љубовта посилна, душата поспокојна.
Годинава Бадник го прославуваме во време на пандемија. Во духот на христијанството, Бадник нѐ потсетува на вистинските вредности – здравје за сите кои ги сакаме, поддршка на секој на кого му е потребна, солидарност во најтешкото и љубов.
Начелата на Бадник и Божиќ нѐ водат низ целиот период во борбата против Ковид-19. Овој празник ја испраќа пораката за слога и заедништво, за меѓусебно прифаќање и почит, поврзува и сполотува.
Празничната радост којашто ја чувствуваме, нека го поттикне најдобро во секој од нас. Заеднички, сложно, водени од суштината на овој голем празник, да продолжиме да работиме со љубов кон нашата татковина, да ја унапредуваме, развиваме, да создаваме дела кои се од интерес на граѓаните и државата.
Почитувани,
Дозволете ми да Ви го честитам големиот христијански празник Бадник! Да Ви посакам да донесе радост во вашите срца, здравје, бериќет и благосостојба во вашиот дом.
“Каде и да си, за Бадник дома да си”
Честит Бадник!“