Соопштение за јавност- одговор на новинарски прашања на претседателот на СДСМ, Зоран Заев
Морам да констатираме како човек којшто заради функциите кои што народот му ги овозможил долги години градоначалник, претседател на политичка партија, претседател на Влада од две и пол години или 2 години и 7 месеци точно. Ве уверувам и верувајте, народот знае се, некогаш ние политичарите, може и вие новинарите мислиме дека не допира се до народот, не знае се – знае се, прашање е дали ни кажува или има можност како тоа да ни го каже или на крајот таму зад параванот ни го кажува тоа што го знае а знае се.
Тоа не значи оправдување дека не треба да се бориме против лагите и треба да се бориме и ќе се бориме против лагите и ќе видите како ќе се разобличува секој ден секоја лага. Сабалје ја прочитав веста која што синоќа била објавена од нашиот политички опонент ВМРО ДПМНЕ не обвинува дека сме ја испразниле хидроцентралата Калиманци преку пуштање на струја Заев и Анѓушев, тоа е на ЕВН хидроцентрала не е на државата, мислам толку е безобразието отидено до крај не е на ЕСМ, на ЕЛЕМ на ЕВН е хидроцентралата. Одат до бесконечност, а шефот на партијата нели висок енергетичар и голем стручњак не смее да си дозволи вака, но кога трупа толку лаги па можат и такви лаги да им поминуваат. Нарадот знае се и верувајте до крај се што имаме и поседуваме ќе го разобличиме, нема да го оставиме тоа така. Секако доаѓа 20 дена пред кампања и 20 дена кампања, нема да дозволиме да не ја разобличиме секоја лага толку колку што знаеме и умееме некогаш може и не знаеме, не сме доволно капцитетни и ние се развиваме и растеме како политички субјект а верувам и Владата, доминантно сме фокусирани на позитивна кампања, знаете или ќе правите добро или ќе правите лошо немате време за двете и во животот е така но сакаме да ги промовираме иднината, вредностите.
Ние како што реков овозможивме предвидливост, ја вративме слободата и демократијата, слободата не значи лажни вести тие навистина знаат да уништат цели општества, цели семејства, држави итн. и ќе се бориме цел свет се бори против лажните вести, јас само ве уверувам дека ние ќе направиме се, а исто така уште повеќе ве уверувам вас и нашиот народ дека дека на лагата и се кратки нозете , шилото на вистината како беше тоа излегува на површина и на крајот ќе победи вистината заради тоашто секогаш победувала.
А должност наша е час поскоро да ја спречиме секоја лага, час поскоро да ја прекинеме секоја лага заради тоа што должност р на сите кои што се бават со општествени одговорни работи да соопштувата вистина, односно одговорност е да се лаже а посебно од вака сериозни институции како што се и големите политички партии, не само државата, општините или другите јавни институции, туку и самите политички партии.