fbpx

Свлечиштето на патниот правец Велес – Градско се санира, започнува целосна рехабилитација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Зоран Китанов, член на ЦО на СДСМ

 

Почитувани,
 
Се наоѓаме во општина Велес. 2018 година позади мене на патниот правец од Велес спрема Градско се појави ова свлечиште и одрони на карпи. Тоа нешто е многу непредвидливо и секогаш претставува закана за безбедноста на учесниците во сообраќајот. 2018 година беше санирано привремено за да може да се оспособи сообраќајот, во меѓувреме проектна задача на Градежен факултет се заврши, се проектираше целата оваа санација за да биде направенa, и еве изведувачот е воведен во работа за да може да се направи целиот овој појас да биде безбеден за сите учесници во сообраќајот. Ќе се одвива во 3 фази.
 
На почетокот ќе се изврши ископ на веќе уништениот пат, негово стабилизирање со санирање на уништениот ѕид со поставување на нов бетонски ѕид, за подоцна да се изврши насипување и поставување на нова еластична ограда за комплетирање на градежната работа на овој дел од проектот.
 
Во втората фаза ќе се започне со кавење на карпите се со цел да се осртат оштетените, испуканите карпи, за подоцна да се започне со поставување на анкери врз кои ќе се врши торкетирање, поставување на заштитна мрежа и поставување на габиони за трајно стабилизирање на карпата.

 

Последни вести