Одговор на новинарски прашања, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
П: Вчера ВМРО-ДПМНЕ ракоа дека доколку не го повлечете законот за попис тие веќе ги подготвуваат документите за да ги достават до министерството за правда за собирање потписи за поништување на законот за пописот, како гледате на оваа иницијатива?
Да биде појасно до ВМРО-ДПМНЕ. Пописот е статистичка операција, пописот не е избори и не се гласа и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да имаат страв од одржувањето на пописот.
Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот значи и повикување на непочитување на законите. Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во европа и светот.