fbpx

Членството во НАТО е дополнителен мотив да продолжиме со реформите што обезбедуваат развој и напредок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција Хари Локвенец, пратеник од СДСМ 

 

 

 Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Собранието на Република Северна Македонија го ратификуваше Северно-атлантскиот протокол.

Остварена е тридецениска стратешка заложба за интеграција во најмоќниот воено-безбедносен сојуз – нашата држава рамноправен партнер со останатите 29 земји членки.

Ова значи трајно обезбедување на сигурноста и стабилноста, трајно осигурување на нашите граници, на нашиот воздушен простор.

За само 2,5 години како парламентарно мнозинство и како власт покажавме дека можеме да ги решаваме децениските отворени прашање, но и да ја поставиме државата цврсто на патот кон ЕУ и НАТО.

Членството во НАТО не носи само безбедност, стабилност и сигурност. Тоа носи и повеќе странски инвестиции, пристап до нови пазари, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Доказ за тоа се и бројни позитивни економски податоци. Само со поканата за членство во НАТО и процесот на ратификации на Протоколот за пристапување економијата се придвижи, платите растат а невработеноста опаѓа.

Ова немаше да биде возможно ако не го постигневме Договорот со Грција, ако не ги решивме децениските отворени прашања со соседите, немаше да биде возможно ако не се посветевме на реформите.

Сепак во овој процес, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе останат запаметени како кочничари на процесот за пристапување кон НАТО и процесот за интеграција кон ЕУ.

Не успееја обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја закочат интеграцијата во НАТО, не успеаја обидите да ја блокираат иднината.

Тоа се потврди и вчера кога само Мицкоски и неколку негови послушници не аплаудираа на ратификацијата со која се заокружува членството во НАТО.

Почитувани,

Република Северна Македонија со крупни чекори продолжува напред кон развој и напредок, кон интеграција во ЕУ.

Вчерашниот историски ден е дополнителна мотивација да продолжиме уште попосветено да работиме за граѓаните и државата.

Остануваме силно посветени на реформите што обезбедуваат економски раст и развој, напредок и подобар живот за граѓаните.

Последни вести