Изјава за медиуми, Влатко Цветковски, координатор на советничката група на СДСМ во општина Ѓорче Петров
Почитувани граѓни, почитувани новинари,
Како што наближуваат локалните избори, така расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ затоа што стануваат свесни дека немаат поддршка од граѓаните и ги чека нов убедлив пораз.
Насилничката, режимска матрица се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ како на централно така на локално ниво.
Улогата на советниците во единиците на локалната самоуправа е да предлагаат мерки и прокети за развој на општината. Но тоа очигледно не важи за советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
На последната седница на Советот на општина Ѓорле Петров јас бев предмет на директни, јавно искажани закани по мојот живот и по животот на моето семејство.
Пред сите советници, од страна на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Мисајалевски бев физички нападнат и добив директни закани по својот живот и безбедносра на моето семејство.
Случајот е уредно пријавен во најблиската полициска станица ПС Ѓорче Петров и очекувам разрешница.
Оваа прилика ја користам да упатам апел до локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со обидите за неискрени извинувања, заканата од Мисајлевски е сериозна и со неа ќе се занимаваат надлежните органи.
Инаку ова не е првпат функционери на ВМРО-ДПМНЕ да се закануваат кон советници во Општина Ѓорче Петров. Јас лично, но и други советници сме сведочеле на брутални закани од страна на советници од редивите на ВМРО-ДПМНЕ.,
Секому му е јасно, јасно им е и во белиот дворец дека ВМРО-ДПМНЕ и овде во Ѓорче и секаде низ државата ќе доживее убедлив пораз на претстојните локални избори. Но закани по бебзедноста, закани по сигурноста на цели семејства нема да толерираме.
Секој еден кој се заканува без разлика на причината мора да се соочи со одговорност. Очекуваме дека така ќе биде и во овој случај.