Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани,
Се редат поразите на докажаниот губитник Христијан Мицкоски и неговата антидржавна и антинародна ВМРО-ДПМНЕ.
Со неуспешната интерпелација за заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, одново се поразени деструкциите и неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Пропадна уште еден блеф на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ разбиена е уште една лага за наводно создавање на ново парламентарно мнозинство. Тие едвај успеаја да собераат 53 пратеници за интерпелацијата.
Порази и лаги, тоа е учинокот на партијата сместена во белиот дворец зад мене.
Наместо да биде контструктивна и да работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани и пропаднати интерпелации ја опструира работата на Собранието.
Пропадна интерпелацијата на Никола Димитров, ќе пропаднат интерпелациите за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, затоа што се неосновани. Ни самите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не веруваат во тие интерпелации затоа што потпишани се само 14 пратеници од пратеничката група, а таму ја нема Гордана Силјановска Давкова која ги најави интерпелациите.
ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминал и коруоција, симбол на деструктивно и антидржавно однесување и затоа уште долго ќе остане во опозиција.