fbpx

Сите граѓани и политички партии да дадат придонес за пописот, по 19 години државата да добие прецизни и целосни податоци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Законот за попис на населението што го усвои парламентарното мнозинство предводено од СДСМ гарантира спроведување на оваа статистичка операција по сите меѓународни пракси и стандарди, од страна државниот завод за статистика, кој има капацитет и подготвеност да спроведе успешен попис, по 19 години.

Успешно реализираниот попис ќе донесе прецизни, целосни податоци за демографската, социјалната, образовната, верска и национална структура на населението и ќе обезбеди релевантни податоци и насоки за тоа како треба да се движи економијата, образованието, социјалната политика, детската заштита…

Со успешно реализиран попис точно ќе ги мапираме потребите на регионите и единиците на локалната самоуправа, кои ќе добијат релевантни и точни информации, на кои ќе го базираат локалниот и регионалниот развој.

За да се спроведе оваа обемна статистичка операција потребно е секој поединец, секоја политичка партија, да даде придонес во реализација на оваа операција важна за развојот на државата.

Последни вести