Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е силно посветена на грижа и поддршка на работнциите и заштита и унапредување на работничките места.
Во широка и инклузивна консултација со сите засегнати страни, тече процесот за измени на Законот за работни односи, со кои недела станува неработен ден, односно недела да биде ден за неделен одмор за најголем дел од работниците.
Со овие законски измени ќе реализираме уште едно ветување од Програмата но и истовремено ќе овозможиме зголемена социјална еднаквост и поголема заштита на работничките права.
Во време на здравствена и економска криза Владата предводена од СДСМ преку четири пакети економски мерки вредни 1,2 милијарди евра, спаси стотиици илјади работни места во десетици илјади компании.
Дека навремените економски мерки дадоа резултати потврдува фактот што просечната плата за ноември 2020 се зголемила за седум отсто во однос на просечната плата за ноември 2019 година.
Растот на индустриското прозивдоства за 2,5 отсто во декември 2020 година покажува дека економијата се враќа во нормалните токови.
Поддршката за стопанството, за работниците и граѓаните продолжува и со петтиот пакет мерки кој веќе започнува да се реализира со првата мерка, односно укинување на царински давачки за одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија.
Грижата за граѓаните, грижата за работниците е врвен приоритет за СДСМ. Затоа, продолжуваме со реализација на мерки и политики што обезбедуваат повисок животен стандард за сите.