fbpx

Граѓаните ги препознаваат успешните политики и се приклучуваат кон СДСМ, досега околу 36.000 членови го ажурирале своето членство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Драго ми е што денеска сабота, раководството на СДСМ е на терен со граѓаните. Јас денес сум на источниот дел на нашата земја и ми е драго што денес ќе се сретнам со жителите на Штип, Карбинци и Берово.

СДСМ секојдневно расте, СДСМ се менува, се развива и модернизира, се дигитализира за уште подобро да им служи на граѓаните, на државата.

Процесот на ажурирање на членството се одвива со одлично темпо, членовите се силно мотивирани.

До овој момент досега околу 36.000 наши членови направиле ажурирање на своите податоци го потврдиле членството во СДСМ во овие три недели, процесот продолжува да трае до 25 февруари.

Истовремено, голема е заинтересираноста на нови членови, на многу млади кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ, кон најсилната, најмодерната и најдинамичната партија.

Граѓани кои решиле токму сега да се приклучат на СДСМ и да придонесат.

Најважно за нас, за СДСМ, се вредностите, визиите, политиките. Политики кои значат напредок, прогрес, еднаквост, правда, социјална држава, ефикасно здравство, институции, повеќе пари кај граѓаните, повеќе инвестиции, капитални проекти, поголеми плати и пензии кои ги реализираме, повеќе мерики и пари за фирмите, поголеми шанси за младите и систем, ред, правда и поредок.

Граѓаните препознаваат дека само со СДСМ може да продолжи напредокот, интеграцијата, да се обезбеди правда и развојот на нашата држава.

Затоа и овде во Истокот, но и во сите други региони, во сите општини, граѓаните се приклучуваат кон новиот СДСМ.

Нашата партија е креатор и гарант на концептот Едно општество за сите граѓани, затоа во СДСМ пристапуваат и Македонци и Албанци, но и Турци, Срби, Роми и Бошњаци, затоа сме единствената партија која има организирано политичко делување во сите општини низ државата. Во секоја општина направивме општинска организација.

СДСМ продолжува да работи уште поодговорно уште повеќе посветено за интересите на граѓаните и државата.

Последни вести