Соопштение за јавност
Парламентарното мнозинство е стабилно, СДСМ ја предводи најголемата и најразноликата коалиција, СДСМ е партијата со најголем коалициски капацитет, на која секојдневно се приклучуваат се повеќе граѓани, порача генералниот секретар Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање при неговата денешна посета на Штип.
Николовски посочи дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило, дека таа партија се уште е заглавена во криминал и деструкција и се додека е така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде опозиција.
„Пред само два месеца, овде во Штип ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да учествува на локалните избори но не го сторија тоа. Нема крај на ретроградните политики, на политиките на затвореност, на политиките на омраза, на политиките со кои сакаат да ја вратат државата назад. ВМРО ДПМНЕ пред се треба да се реорганизира, трансформира, модернизира, за да има позитивен пристап кај граѓаните, за да има коалициски капацитети и за граѓаните да препознаат нешто во нив. Засега ниту нудат луѓе, ниту нудат програма, ниту нудат проекти и се партија заглавена во криминалот, во обвиненијата и по секоја сакат да ја кочат земјата. Граѓаните јасно ја пратија порака, Парламентарното мнозинство е стабилно. И додека ние сме отворени, транспарентни, додека ние чекориме напред, ВМРО-ДПМНЕ остана заглавена во криминалот, командувана од Будимпешта, без програма, без идеја, без проекти, без нови луѓе“ порача генералниот секретар Николовски.