Прес конференција, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Се ближи времето до изборите, а тоа значи дека работите мора да станат појасни кога е во прашање иднината на земјата. Мораме да зборуваме прецизно и со факти, особено кога е во прашање заканата по иднината, а таа закана не доаѓа од никој друг, туку токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Денес сум овде пред вас за да објавам што се ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше и се обидува да закочи.
Ова што ќе го чуете го прави ВМРО-ДПМНЕ најголемиот кочничар на иднината а нашата на нашата земја.
Во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат донесувањето на законските измени за зголемување на пензиите за повеќе од 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери.
Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителн број стечајци. Кочат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Кочат сѐ што не е по планот на Никола Груевски.
Ја кочат демократијата. Видовте што направија со амандманите само за да спречат 1 изборна единица. Знаат дека граѓаните не го сакаат Христијан Мицкоски и затоа не сакаат отворени листи. Се плашат од гласот на граѓаните.
Го кочеа договорот од Преспа за да го кочат влезот во НАТО. Вчера ги слушам, ќе менувале устав ќе ја враќале земјата назад, ќе ја ваделе од НАТО. Нема да им дозволиме.
Не го поддржуваат ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството. Им сметало името на земјата. А не им смета кога шетаат по службени патувања, кога земаат плати, дневници и кога одат на меѓународни НАТО настани потпишани под името Северна Македонија. Тешко и профитерско лицемерие.
Вчера во Собранието, видовме дека се против Законот за висока раководна служба. ВМРО ДПМНЕ е против деполитизацијата и професионализацијата на јавниот сектор.
Но, најстрашно е што не знаеме за што се залага ВМРО ДПМНЕ. Немаат програма на 3 месеци пред избори. ВМРО ДПМНЕ значи нестабилност, ризик, еднопартиски систем. Се она што не го сакаат граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ наспроти граѓаните повторно ќе победат граѓаните.