fbpx

12.000 стечајни работници денес добиваат месечно по околу 8.200 денари до пензионирање, се грижиме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ

 

Почитувани новинари, почитувани граѓани

За СДСМ сите граѓани се важни. Поаѓајќи од тука беше и решавањето на отворениот проблем со стечајните работници. Денес, тие повеќе не се граѓани кои живеат на маргините, туку граѓани кои живеат достоинствено и активно учествуваат во развојот на државата.

Со измените на Законот за стечајци, денес , 12 илјади стечајни работници добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивното пензионирање.

Преку оваа мерка се исправи долгогодишната неправда кон наши сограѓани, кои не по своја вина, ниту волја , останале без работа и без месечни примања.

СДСМ продолжува со спроведување на процесите кои носат подобри услови за живот и благосостојба на граѓаните.

Градиме фер општество и еднакви можности за сите граѓани. Преку реални и развојни мерки обезбедуваме повеќе пари за секое семејство и достоинствени услови за живот

На прав пат сме, за нас сите граѓани се важни!

Последни вести