Прес конференција, Драгољуб Филипоски – претседател на ОО СДСМ Гоостивар
Почитувани граѓани,
Во изминативе 2,5 години спроведовме реформи кои направија преобразба на системот на социјална заштита. Придобивките од сеопфатната социјална реформа, денес директно ги чувствуваат 120.000 наши сограѓани кои се наоѓаат во социјален ризик. Социјалната помош ја зголемивме за 300%. Денес околу 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход од висина 11 700 денари месечно, а преходно добивале социјална помош во висина од 3000 денари.
Децата чии родители се корисници на правото на социјална помош с е ослободени од плаќање болничка партиципација.
Не застануваме тука!
Во тек е спроведување на втората фаза од социјалната реформа-развој на социјалните услуги на локално ниво кои ќе се имплементираат преку општините за што се обезбедени 10 милиони евра.
Паралелно се реализираат мерки за вклучување на социјално ранливите категории на пазарот на трудот преку преквалификација и доквалификација на занимања кои се дефицитарни на пазарот.
Во следниот период, примателот на гарантиран минимален приход ќе добијат и социјален работник, кој ќе се ангажира за нив и ќе им помага да се вклучат на пазарот на трудот.
Како одговорна партија продолжуваме да градиме ефикасен систем на социјална заштита кој трајно извлекува од сиромаштијата.
На прав пар сме!
Градиме фер и праведно општество на еднакви можности!
Имплементирањето на мерки предвидени во Изборната програма од 2016 година и бенефитите што ги добиваат најранливите категории на граѓани и граѓанки покажува дека навистина сме на прав пат.
Со реформата на социјалната заштита воспоставивме систем за социјална заштита на семејства што живеат во сиромаштвија и воведовме начин за извлекување од сиромаштијата
Го олеснивме пристапот до детски додаток, но ја зголемивме сумата што по овој основ добива едно семејство.Воведовме и нови додатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања.
Од воспоставувањето на оваа реформа во мај 2019та година,детскиот додаток им се исплаќа на 27.130 деца,а образовниот на 8.678 деца.
До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток,што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно.Сето ова го птавиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето,преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на трудот.
Веќе за 2020 година предвидени се 600 милиони денари за исплата на детски додаток,а 672 милиони денари за образовен додаток.
Почитувани,
Грижаата за нашите сограѓани и сограѓанки кои живеат во сиромаштија е приоритет на Владата предводена од СДСМ .
Градиме општество кое отвара еднакви можности на сите.На прав пат сме!