fbpx

Сите пратеници имаат должност да застанат на страната на правдата, да го поддржат Барањето за автентично толкување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Сашко Костов, пратеник на СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, поднесено од пратеничката група на СДСМ е за да спречиме повторното враќање на нелегалната аболиција на Ѓорге Иванов.

СДСМ се бори за правда и нема да дозволи амнестии.

Сите народни избраници имат должност и обврска да застанат на страната на правдата и владеењето на законите.

Затоа, ги повикуваме повторно сите пратеници, особено од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат Барањето за автентично толкување. Тоа е во интерес на правдата, на граѓаните и државата.

Последните случувања во правосудниот систем покажуваат дека судството останува последното упориште на остатоците на режимот и „заробената држава“.

Затоа, неопходен е процес на ветинг врз судии и јавни обвинители.

Правосудството мора да се прочисти од нечесните судии и обвинители, за чесните, одговорните и професионалните непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните.

 

Но претходно мора еднаш засекогаш да се затвори незаконската амнестија на Иванов. Секој што се со огрешил пред законите мора да одговара а сите започнати предмети и истраги мора да добијат правна разрешница.

Во оваа насока, предлозите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, односно во функција на одбегнување на правдата.

Некој што се огрешил пред законите мора пред се да одговара, не е прашањето со што ќе се занимава.

Предлогот на Мицкоски во суштина значи дека сите од ВМРО-ДПМНЕ што 11 години краделе треба да ги амнестираме, да не одговараат, па после да им се забрани да се занимаваат со политика.

Тоа е несериозно и срамно. Одговорноста мора да биде на прво место.

Затоа прво треба да ја затвориме нелегалната амнестија на Иванов, па да разговараме и за други предлози.

Да разговараме и за проширување на забраната за политичко учество и со лица кои се под истрага, на лица под обвинение или за кои беа презентирани прислушувани материјали кои укажуваа на нивна вклученост во незаконски дејствија.

Предлогот за испитување на имот на функционери е задоцнет, тоа веќе се случува.

Наместо да му слугува на Никола Груевски, Христијан Мицкоски треба јавно да излезе и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето за автентично толкување.

 

Последни вести