fbpx

Фактите потврдуваат, економијата е стабилна, растат платите, парите се враќаат кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

СДСМ продолжува преку конкретни реформи и мерки да ја стабилизира и унапредува македонската економија. Во текот на овие 2 и пол години СДСМ со бројки и со факти докажува дека  економијата на прав пат и не застануваме тука.

Владата ги усвои измените на Законот за трговски друштва, со кој се намали минималниот износ  за основање на друштво со ограничена одговорност (ДОО и ДООЕЛ) од сегашните 5.000 евра на само 1 евро. Овие фирми ќе имаат посебна ознака, односно ќе се викаат „посебно друштво со ограничена одговорност“ .

Со намалувањето на потребниот износ за основање, ќе им се овозможи граѓаните да основаат фирма со минимални трошоци и да ги реализираат своите идеи и бизнис планови преку новоотворени фирми. Ние веруваме во македонските граѓани дека имаат идеи, а бидејќи идеите се капитал, го отвораме бизнис секторот, го правиме достапен за сите и повикуваме на натпревар на идеи и конкурентност.

Интензивно ги реализираме ветувањата дадени во „План за живот“.

Ајде да зборуваме со факти и прецизни бројки.

ФАКТ Е дека минималната плата неколкукратно се зголеми и со последните усогласувања изнесува 14.500 денари, што е зголемување за 5.500 денари за само три години. Доколку направиме годишна пресметка, минималната плата на годишно ниво ја зголемивме за цели 66.000 денари или 1.100 евра.

ФАКТ Е дека за три години порасна и просечната плата за над 3.200 денари, со што се зголемија приходите на најголем број домаќинства во нашата држава. Просечната плата на годишно ниво е зголемена за околу 39.000 денари или 650 евра.

ФАКТ Е дека успеавме да ја намалиме невработеноста на историски најниски 17.5 проценти, а за само 2 и пол години се отворија над 54.000 работни места.

ФАКТ Е дека  го поддржуваме растот на плати во приватниот сектор. Се субвенционираат придонесите за покачување на платите до 6.000 денари.

ФАКТ Е и зголемувањето на пензиите, кои ќе се зголемат за околу 900 денари. Пензионерите ќе земаат околу 10.000 денари повеќе секоја година.

Сето ова се факти, бројки и математички мерливо.

Официјалните податоци се доказ за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Остануваме посветени да работиме исклучиво во интерес на граѓаните.

Градиме конкурентна и развојна економија, вложуваме во човечкиот капитал и мислиме на нашата иднина.

На прав пат сме.

 

Последни вести