fbpx

Инвестираме во земјоделството, 3.000 евра грант за жени земјоделки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Слаѓана Арсова – Координатор на Форум на жени ОО Свети Николе

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми!

Владата предводена од СДСМ продолжува со постојано унапредување на земјоделството!

Жените земјоделки за првпат ќе добијат финансиска поддршка од 3000 евра.

Мерката АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ДОМАКИНСТВО ја креираше посебна новоформирана Работна група за родова еднаквост и зајакнување на жените, којашто доби силна поддршка од UN Women.

Целта на мерката „ АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН ВО СЕМЕЈНОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО СТОПАНСТВО„ е да се мотивира и да се обезбеди зајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство и создавање на поголема додадена вредност во земјоделското производство.

Културата на еден народ можеме да ја перципираме само преку почитувањето на жената  како рамноправен член на општеството. На нашата држава и е потребна еманципирана жена вклучена во сите области на живеењето, но и економски независна.

Во овој контекст Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој објави јавен повик на кој жените –земјоделки, до 26.12.2019 година , може да се пријават за грант неповратни средства, во висина од 180 000 илјади денари или 3000 евра.

Корисници на оваа мерка можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со овие средства може да се набави опрема за постбербени активности за овошје и зеленчук, житарици и мелнички производи, растители и животински масла, шира и сок од грозје, вино, оцет, маџун, месо и месни производи, млеко и млечни производи, опрема за прием, собирање и чување, сортирање, чистење, миење, сушење, калибрирање на земјоделски производи. Прифатлива инвестиција е и набавка на опрема за ладење и замрзнување, за сечење, конзервирање, сушење, етикетирање на производи. Со помош на средствата од оваа мерка може да се набавува и опрема за манипулација, утовар и истовар, ладилници, палети, опрема за мерење и квалитет, опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животнит 

Дополнително, преку мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, се промовира и директна продажба или продажба од праг. За оваа мерка е подготвен и Правилник за флексибилност за производи од животинско потекло, којшто дава основа за продажба од праг. Со тоа идентитетот и квалитетот на производот којшто го произведуваат жените во руралните подрачја ќе дојде до израз. 

Морам да напоменам дека мерка АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ДОМАЌИНСТВО освен претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, активно се вклучи и невладиниот сектор (Национална федерација на фармери, Рурална мрежа, Рурална коалиција), Министерството за труд и социјална политика и Факултет за земјоделски науки и храна. Во следниот период работната група ќе спроведе инфо денови на терен, за дообјаснување на критериумите.

Земјоделските мерки на СДСМ се на прав пат.

Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ.

На прав пат сме бидејки градиме силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај земјоделците.

 

 

 

Последни вести