Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Почитувани граѓани почитувани новинари,
Со месеци целата јавност гледа деструктивно, неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ безобразно ја злоупотребува ситуацијата со пратеници заболени од ковид и со пратеници кои се изолација, за да ги кочи сите важни процеси и закони за граѓаните.
Денес немаше да бидеме во ваква ситуација ако ВМРО-ДПМНЕ не се противеше и не го блокираше измените на Деловникот за работа со што можеше да се обезбеди работа од далечина на пратениците позитивни на ковид или се во изолација.
ВМРО-ДПМНЕ блокира се што е во интерес на граѓаните, нивните пратеници не влегуваат во салата, не работат за граѓаните што ги гласале.
До каде оди нивната деструктивност зборува и фактот што денеска од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе ја блокираат и утрешната седница на која се и барањата за интерпелација поднесени токму од ВМРО-ДПМНЕ, како и Информација во врска со актуелните состојби во здравството, исто така поднесена токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат алиби и да нудат оправдувања за нивните блокади туку да почнат да работат за граѓаните.
Очигледно дека големи се фрустрациите кај Мицкоски од шесте порази од граѓаните, огромен е стравот од следниот извесен пораз на есен, па затоа негвоите пратеници овде во Собранието кочат и блокираат.
Со или без ВМРО-ДПМНЕ, реформскиот процес ќе продолжи, но ќе продолжат и поразите на Христијан Мицкоски.