Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани,
Според последните јавно објавени информаци, на повидок е нов скандал, нова афера, поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за послендите претседателски избори.
Како што е објавено и како што може да се потврди од Финансискиот извештај, ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.
Согласно Изборниот законик (член 71) сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.
Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена.
Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг.
Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и потпсникот на сметката за овие избори, генералниот секретар Игор Јанушев, не го почитувале Изборнио законик.
Повикуваме надлежните институции да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста.
Институциите се на потег. За овој најнов скандал во ВМРО-ДПМНЕ одговороност мора да има.