Прес-конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани,
Реномирани европски тинк-тенк организации, германски и домашни медиуми откриваат нов меѓународен скандал, поврзан и со Александар Николовски, пратеник и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ.
Според објавените наводи, постои огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан.
За да се квалификуваат изборите во Азербејџан како фер и демократски, дел од пратениците добивале пари, накит, скапи теписи, ноќевања во луксузни хотели во Баку и Инстанбул и што ли уште не.
Ова особено за пратениците кои биле дел од набљудувачката мисија на изборите во Азербејџан во 2013 и 2015 година, како и на референдумот од 2016 година.
Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Токму потпретседателот на Христијан Мицкоски бил меѓу оние кои процесите ги именувале како фер и демократски.
Александар Николоски велел се е во ред, иако според реномирани меѓународни организации и институции тие биле квалификувани како нелегитимни и репресивни
Дека ова не се само обични тврдења за наводна корупција, покажува и случајот со колегата на Николоски, италијанскиот пратеник Лука Волонте, кој пред неколку месеци бил осуден на четири години затвор заради примање мито од Азербејџан.
Ова почитувани е тежок меѓународен скандал каде директно е вмешан Александар Николоски.
Затоа Александар Николоски, потпретседателот на Христијан Мицкоски и негова лева рака, треба да излезе пред јавноста и да се произнесе за овие тврдења.
Дали поради овој скандал од страна на одредени европски организации Николовски е наречен „лидер на измамничка набљудувачка мисија“?
Дали чувствува одговорност за овој нов скандал со таканаречена „кавијар-димпломатија“ на ВМРО-ДПМНЕ?