Изјава за медиуми, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ
Почитувани,
Денеска пратениците од парламентарното мнозинство кои се позитивни на коронавирус, со сета заштитна опрема и според протоколите на Комисијата за заразни болести се тука со нас за да обезбедиме кворум и потребно мнозинство за Собранието да работи фунцкионално и ефикасно. Нема да дозволиме уцени, наша должност како пратеници е да служиме на народот и во добро и во лошо. Опозицијата направи непромислени чекори против сопствениот народ и затоа со нив или без нив денес владеачкото мнозинство ќе ја изгласа помошта за граѓаните.
Една милијарда и 920 милиони денари поддршка за плати за месеците февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните, на голема жалост за опозицијата.
Почитувани граѓани, помошта ја обезбедивме, сега и ќе ја испорачаме.
На денешната седница ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа.
Граѓаните, компаниите, ниту час повеќе не смеат да останат без помошта што им следува.
Доста беа уцени, блокади и лаги од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.
Ете ја уште еднаш разликата!
СДСМ и коалицијата направија СЀ граѓаните да ја добијат помошта која им следува.
ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата направија СЀ народот да ја блокираат помошта за народот.
Епилогот е јасен – Граѓаните победија, опозицијата повторно изгуби!