Прес-конференција, Александар Кангалов, претседател на ОО СДСМ Штип
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско режимско и насилничко лице.
Завчерашниот собир на ВМРО ДПМНЕ, покажа дека наместо зад правдата и зад граѓаните, истите тие застанаа на браникот на криминалот, насилството, на страната на режимот.
Насилниците, кои дивееја низ храмот на демократијата, пред камери тепаа пратеници, кршеа, уништува, се обидоа да ја погазат волјата на народот и ја доведоа државата на раб на граѓанска војна, не го бранеа Уставот, туку ја бранеа фотелјата на бегалецот од правдата Никола Груевски.
Завчерашниот собир на ВМРО-ДПМНЕ претставува уште еден доказ и за начинот на кој опозициската партија се однесува во справувањето со коронакризата.
Еден ден бараат оставки од надлежните, друг ден се групираат кршејќи ги сите протоколи за заштита.
Покажаа и докажаа дека пандемијата им е алиби да не излезат на предвремените локални избори во Штип , кои СДСМ ги организираше и истите беа 100 проценти безбезни за граѓаните.
Ги прашуваме, дали завчерашниот собир, на кој ниту имаше дистанца, ниту се почитуваа мерките за заштита од вирусот, беа побезбедни за здравјето на граѓаните од изборите од кои избегаа?
Во период кога бројките на новозаразени лица се намалува, кога Штип се спрема за масовна вакцинација, пратениците од редовите на ДПМНЕ протестира без притоа да имаат грижа на совест за здраствените работници кои секојдневно се борат за здравјето на граѓаните, апсурдно истите тие ќе бидат најгласни во барањето на одговорност и оставки од надлежните.
Почитувани,
Наместо да работат во интерес на граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ги изложуваат на ризик и нив и нивните семејства,одлучија да ја блокираат работата на Собранието и се криеја зад пандемијата.
Затоа, Штип редовно ги казнува деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе го стори тоа и повторно,граѓаните не сакаат бранители на криминал и насилство.