Соопштение за јавност
27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ.
Вооружени насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби,да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија.
Тие насилници кои беа придружувани и од Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, не се, ниту некогаш ќе бидат уставобранители, тие се само насилници, бранители на криминалите на Никола Груевски.
Денеска, четири години подоцна, наместо извинување и осуда, целата јавноста гледа како Мицкоски цврсто стои на браникот на криминалот и насилството, стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток.
Тоа покажува дека ништо не е сменето во опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ предводено Груевски. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.
Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимско насилничката матрица на Груевски.
Граѓаните, јавноста тоа го знае и затоа Мицкоски, затоа што освен насилство и одбрана на криминал, не нудат ништо што е во интерес на граѓаните и државата.
СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори.