Прес конференција, Петар Петковски од ОО СДСМ Гази Баба
Почитувани граѓани, градската власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз, продолжува со реализација на инфраструктурните проекти во интерес на граѓаните.
Имено, службите од Јавното претпријатие за Улици и патишта целосно завршија со афалтирањето на новата велосипедска патека на булеварот Киро Глигоров, на потегот од крстосницата со улицата Перо Наков до улицата 808 кај пивара Скопје.
Велосипедската патека е од двете страни и набрзо ќе биде и обележана.
Во наредниот период патеката ќе биде продолжена од улицата 808 до булеварот Александар Македонски.
Почитувани, градот Скопје во соработка со општинските власти и во наредниот период посветено продолжува со проширување на велосипедската мрежа и поврзување помеѓу населбите.
Интересот на граѓаните е наш приоритет и така ќе остане и во иднина.