Прес конференција, Р.Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
На прав пат сме!
Како одговорна партија преку конкретни мерки и политики покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните.
Ги унапредуваме столбовите на општеството и постојано вложуваме во подобрување на условите за вработените во секој сектор.
СДСМ изврши нивелација по работни места по дејности во институциите од областа на културата.
Со Ребалансот на буџетот за 2019 година се зголемија средствата наменети за исплата на платите на вработените во установите од областа на културата за 146.321.000 денари, заради спроведување на процесот на нивелација на платите во установите од областа на културата или за 13,79% во однос на одобрените средства за плати со Буџетот за 2019 година .
При изработката на пресметката се утврди дека вкупниот број на лица кај кои би се јавило зголемување на платите изнесува 2.899 лица,
Исто така, Министерството за култура веќе изврши подобрување на состојбата со платите во установите од областа на библиотечната, заштитата, музезејската и аудио визуелната дејност по основ на законски стекнатите стручни звања и распореденост на соодветни работни места.
СДСМ ги исправа и децениските неправди кои беа нанесени од страна на расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Колективен договор за култура во нашата држава последен пат беше потпишан во 2005 година помеѓу СОНК- Самостоен синдикат за образование , наука и култура на РСМ и Министерството за култура.
Во овој период исто така многу често биле доделувани бруто коефициенти за пресметка на плата на нововработени кои не биле во согласност со Колективнот договор, туку коефициентите биле носени субјективно, истото се постапувало и кај новоформираните институции од областа на културата, за нововработените лица.
Разликата на платите меѓу носителите на дејности во различни установи достигнуваше 40-60%.
СДСМ подготовни Нацрт на колективниот договор за вработените во културата, откако во претходниот период се одржаа повеќе средби и консултации со претставниците на синдикатите и на установите во културата за решавање на најургентните потреби и проблеми што произлегуваат од работниот однос на уметниците и другите вработени во културата.
По повеќегодишен застој се унапредуваат правата на вработените во културата.
Владата предводена од СДСМ останува посветена секојдневно да работи исклучливо во интерес на државата и граѓаните.
Тргнавме по прав пат и враќање нема да има!