fbpx

Со Законот за наставници ќе ја исправиме неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Во собраниска процедура се влезени измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, како и Законот за Бирото за развој на образованието

Со измените на овие закони реализираме важни ветувања дадени пред граѓаните.

Обезбедуваме правна и економска сигурност на наставниот кадар во основите и средните училишта.

Наставниците и стручните соработници отсега директно ќе се вработуваат на неопределено време доколку ги исполнат законски предвидените услови

Тоа значи дека со новиот закон им се трансформира работниот однос на сите наставници и стручни соработници кои до моментот на негово стапување на сила се ангажирани на определено време, ако за тоа ги исполнуваат условите.

На овој начин би се опфатиле 1.464 наставници и стручни соработници кои во моментов се ангажирани на определено работно време до 2 години, како и 3.326 наставници ангажирани на определено работно време над 2 години на кои не им е трансформиран работниот однос.

Законските измените ќе обезбедат правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време, подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување на континуитет во реализацијата на наставата, како и овозможување на професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници.

И секогаш кога во Собранието се наоѓа важен закон за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кочи и блокира.

Уште на комисиската расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го блокираат овој закон кој е во интерес на наставниците, но и на учениците и нивните родители.

ВМРО-ДПМНЕ се противи наставниците и стручните соработници да добијат правна и економска сигурност, да се ослободат од стресот предизвикан од неизвесноста дали ќе им се продолжи работниот однос, тие се против тоа да се обезбеди континуитет во реализацијата на наставниот процес.

Сепак и покрај овие блокади, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги искористи сите механизми овие измени да бидат донесени со што ќе ставиме крај на неправдите кон одреден број наставници и стручни соработници кои немаа еднаков статус со нивните колеги.

Како одговорна партија продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, во интерес на државата.

 

Последни вести