fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е извор на лажни вести и на браникот на криминалот и ниту една измислица или лажна изјава на криминалци не го менува тој факт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ во континуитет шири лажни вести и измислува непостоечки сценарија, не го менува фактот дека оваа партија е бранител на криминалот и криминалците и потврден извор на лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се на браникот на криминалот се повикуваат на невистинити изјави на криминалци, истите ги надградуваат со цел да ја манипулираат јавноста.

Ниту претседателот Зоран Заев ниту кој било од неговото семејство имале какви било контакти или соработка со лицето Седат Пекер. Тоа се тешки лаги пласирани од Белиот дворец и очајното ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски упорно и по секоја цена продолжуваат да шират лажни вести, да конструираат непостоечки сценарија, но треба да знаат дека тоа нема да ги спаси од уште еден нов пораз од граѓаните.

Последни вести