Прес конференција, СДСМ Кривогаштани
Почитувани,
Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Рубинчо Шефтероски уште еднаш докажува дека инфраструктурата и е главен приоритет.
Имено станува збор за изградба на дистрибутивна водоводна мрежа во населено место Воѓани – Линија 1. Проектот е финансиран како грант од светска банка со вредност од 2 100 650ден.
Проектот опфаќа поставување на водоводна мрежа со должина од 1 469м, каде комплетно ќе се покрие со водоводна мрежа целокупната територија на населеното место Воѓани, со што за 30 дена жителите на ова населено место непречено ќе можат да се приклучуваат на водоводната мрежа.
Власта на СДСМ и понатака ќе продолже со реализација на инфраструктурни објекти во интерес на граѓаните.
За СДСМ дадениот збор важи!