fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од намерата да ги заштити криминалците, сите да се ставиме во функција на правната држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

·         П1: Во тек се преговорите за законот за Јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ го поднесе својот прелог, меѓутоа средба не се закажува токму од страната на власта, што е причината и ги разгледавте ли предлозите, кога ќе продолжат овие преговори, во која насока, ќе имате ли договор, вчера Бујар Османи рече не e бенчмарк за ЕУ меѓутоа ќе биде добар показател за владеење на правото, но и дека разликите се технички, технички ли се разликите?

Од она што го имам како информација дека неформални средби постојат но не во рамки на работни групи. Очекувам дека некаков епилог од средбите ќе има и се што може да го пренесеме во јавноста, навремено ќе бидете известени.

 

·         П2: Прифатлив ли е за СДСМ, обвинител на организиран криминал на предлог на опозицијата?

Сите детали што произлегуваат и од лидерската средба којшто за жал беше неуспешна и јавноста и вие медиумите ги знаете. Она што значи политичка одлука, и она што ќе произлезе како епилог од работните средби од групите коишто преговараат околу законот, ќе бидете навремено известени.

 

·         П3: Вчера ВМРО-ДПМНЕ излезе со список за над двасетина луѓе кои што во различни нели непотизам, роднини, пријатели, блиски на обвинители од СЈО, други функционери од СДСМ, биле вработени во СЈО, бараат анкетна комисија во Собранитето, вие ја одбивте, имате ли коментар за тоа?

ВМРО-ДПМНЕ никако не се откажува од штитењето на криминалците и криминалот во нивните редови. Очаен е обидот, но нема да успеат со ништо да си ги спасат криминалците од одговорност. Нашиот став е јасен ,дека одговорност мора да има за секој којшто во постапка ќе се утврди дека ги прекршил законите истото важи и за ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на анкетната комисија кажавме го знаете нашиот став и сметам дека навистина време е ВМРО-ДПМНЕ да се огради од намерата да си ги амнестира криминалците и криминалот во своите редови и сите ние да се ставиме во функција на правната држава и на правото во Република Северна Македонија.

 

·         П4: Каков е ставот на СДСМ за иницијативата околу промена на изборниот модел?

Знаете дека тоа е наше изборно ветување и програмска определба е една изборна единица и отворени листи. Најпрво заради активностите во Собрание, а се однесува на ребалансот на буџетот за 2019 година, фокусирани сме на ребалансот. Очекувам во рамки на работни групи кои што треба да го договараат, да го преговараат изборниот законик, очекувам дека ќе се изнајде решение. Ние остануваме на тој став, но знаете дека за да донесеме одредено законско решение, особено во делот на изборниот модел потребен ни е широк консензус во рамки на Собранието.

 

 

·         П5: Очекувате ли вие таков консензус на следните општи избори?

Не би зборувал ништо пред време. Да ја видиме иницијативата, да ги видиме предлозите кои ќе бидат од сите парламентарни политички партии. Тогаш кога ќе дојде законот во Собраниска процедура можеме да разговараме за евентуален консензус дали би имало или би немало. Јас очекувам дека треба да се издигнеме на натпартиските интереси и се што е во функција на подобрувањето на изборниот модел треба да го гласаме. Но, секако, знаеме дека секој пратеник одлучува во однос на неговото сопствено убедување и ќе оставиме на колегите да одлучат околу тоа.

Последни вести