fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е западната во шовинистичка матрица, Мицкоски да го осуди говорот на омраза кон жените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на СДСМ, Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ

 

Почитувани граѓани 

Говорот на омраза и шовинизмот на Наум Стоилковски не беше изолиран инцидент во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е западната во шовинистичка матрица.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ги впрегна порталите блиски до неа да сеат шовинизам, родова, сексистичка омраза и да поттикнуваат насилство кон жените.

Како Форум на жени на СДСМ остро го осудуваме говорот на омраза и сексизмот на Љупчо Златев насочен кон обвинителката Фатиме Фетаи и кон советничката во Министерството за финансии, Ана Марија Макеска.

Очигледно е дека ваквите написи се поттикнати од шовинистичката матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Има ли ВМРО-ДПМНЕ образ? Има ли ВМРО-ДПМНЕ Унија на жени која ќе го осуди ваквиот говор и ќе застане зад правата на жената?

Ги повикуваме ЗНМ, но истовремено и Христијан Мицкоски да излезат и да го осудат говорот на омраза и шовинизмот.

Почитувани,

СДСМ останува посветена на градење концепт на едно општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски.

Во Република Северна Македонија не смее и нема да има простор за дискриминација, шовинизам  и омаловажување на жените.

Последни вести