Одговор на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
1. Доколку се постигне договор за ЈО, албанската опозиција најави дека нема да го гласа законот, имате ли коментар за тоа?
Немам такви информации. Сметам дека, сите пратеници без исклучок и без разлика на нашата партиска, етничка или било каква друга определба, мора да дадеме шанса на правната држава. Само на тој начин, навистина ќе ги поставиме демократските принципи во Северна Македонија и конечно ќе го покажеме и пред граѓаните, она за што навистина тие навистина се гладни. Со сигурност можам да ви потврдам дека граѓаните во Република Северна Македонија се главни за правда. Сите мора да покажеме подготвеност, дека независно од нашите политички, партиски интереси, ќе се ставиме како одговорни политичари во функција на правото и правдата во Република Северна Македонија.
2. Тие вчера побараа и вонредни избори. Се сомневаат дека Рекет воопшто има разрешница. Го споменаа и Бујар Османи и дека затоа се одолговлекува истрагата.
Не коментирам правосудски одлуки или одлуки кои се однесуваат на правосудните органи или на обвинителството. Но, како партија, најодговорно повикуваме што е можно побрзо да заврши истрагата, да се покаже кој се е инволвиран, затоа што и премиерот во една прилика рече, дека тој лично смета, дека истрагата за Рекет можеби ќе води кон Мицкоски. Очекуваме истрагата да се забрза и очекуваме истрагата да ги даде сите потребни одговори, за да се расчистат дилемите.