Изјава за медиуми, Абдурахман Хаљими, член на ИО на ОО СДСМ Чаир
Почитувани сограѓани,
Општинската власт во соработка со Град Скопје продолжува посветено да работи со цел реализација на значајни проекти во општина Чаир.
Градската власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и градоначалникот Петре Шилегов континуирано вложува и во образованието и обезбедува подобри просторни и други услови за изведување на наставата и на воншколски активности.
Имено, средното училиште „Цветан Димов“ во Чаир сега има нова, енергетски ефикасна фасада со специфичен визуелен и естетски стил.
Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација.
Покрај овој проект, во нашата општина се работеше и на обновување на патната инфраструктура. Во таа насока е и реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар, која што неодамна заврши.
Градежните активности се изведуваа со засилено темпo, булеварот се асфалтираше непрекинато и во вечерните часови со цел брзо и рекордно завршување на градежните работи.
Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков е од значење за голем број граѓани, а особено за граѓаните на општина Чаир.
Подобрувањето на патната инфраструктура е елементарна потреба и во полза на нашето квалитетно движење и подобрување на условите за живот.
Заедно со граѓаните продолжуваме кон реализација на проекти кои се од значење за целото од општество.