Изјава за медиуми, Кристијан Јовановски, член на ИО, ОО Ѓорче Петров
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
За неполни 2 години од доаѓањето на СДСМ на власт, во општина Ѓорче Петров успеавме да реализираме низа проекти, кои што воедно се и дел од ветувањата на изборната програма за локалните ибзори.
Со реконструкцијата на 20 улици во Кисела Јабука, до крајот на неделава се завршува и дел од проектот за реконструкција и рехабилитација на Министерството за транспорт и врски преку ЈП „Македонија Пат“ кое опфаќа 33 улици на територијата на општина Ѓорче Петров.
Жителите на улиците 30,32,36 и 38 нема повеќе да газат во кал.
Од понеделник , продолжуваме со асфалтирање на уште 3 нови улици во Кисела Јаболка.
До крајот на градежната сезона планираме реконстркуција и асфалтирање на уште 13 улици.
За неполни 2 години успеавме да ја добиеме најголемата инвестиција во здравството, изградба на новиот клинички центар во општина Ѓорче Петров.
А, истовремено се прави колекторски систем на ул. Црногорска.
На големо задоволство на жителите од Ѓорче Петров го враќаме повторно корзото во оваа населба.
Се грижиме за најмладите, а во таа насока извршивме и реконструкција на кујната во градинката Росица и реализиравме уште десетина други проекти.
Жителите на Ѓорче Петров, за само 2 години веќе ја чувствуваат разликата од домаќинското работење на Владата предводена од СДСМ.
Сето ова е потврда дека работиме одговорно, во интерес на сите граѓани. Општината сега нема долгови, а жителите гледаат и чувствуваат како се работи домаќински.